ШЕКЕРИНСКА ВО БЛЕД ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО МЕТЈУ ПАЛМЕР
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска и утре во Словенија ќе учествува на 14. Бледски стратегиски форум, каде заедно со словенечкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, и министерот за надворешни работи на Шпанија, Џозеф Борел, ќе се обрати на панелот насловен „Што следува? – поглед на евроатлантската безбедност, 70 години по Вашингтонскиот договор“.
Според агендата на нашата министерка таа ќе се се сретне и со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

