ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ДА ПОЧНЕ РАСПРАВАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА
Во собраниска процедура од денеска се очекува да влезе извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Потсетуваме дека таа се наоѓа во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.
Според собраниската процедура, претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.
Тој во петокот изјави дека штом го добие извештајот ќе пристапи итно во насока на забрзување на постапката.
Се уште не се знае дали за него комисијата ќе расправа зад затворени врати или на јавна седница.
Евентуалната одлука на Собранието за разрешување на Јанева, согласно процедурата, повторно треба да се најде пред Советот на јавни обвинители.
