| |

ПЕЈАЧОТ ПАВЛЕ ВИТАНОВ ОД СТРУМИЦА ЈА ОСВОИ ПРВАТА НАГРАДА ФЕСТИВАЛОТ „ПИРИН ФОЛК“

Струмичанецот Павле Витанов ја освои првата награда на 27-от меѓународен фестивал за авторска македонска песна и исполнителско искуство „Пирин Фолк 2019“, кој изминатите три дена се одржуваше во Сандански, Бугарија.

Витанов ја добил првата награда за интерпретација на старата македонска песна, „Костадине сине“ за која аранжманот го направи Сашко Митковски.

Струмичанецот на овој фестивал се претставил со уште една песна, авторска насловена „Марије моја севдие“, која пак беше прогласена од слушателите на Радио Благоевград за најдобра песна на фестивалот.

Слични Објави