ПЕНДАРОВСКИ: ПОСАКУВАМ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ НА 12 АПРИЛ

/

„Кај сите политички лидери на Балканот, без исклучок, постои уверување дека по тешките одлуки што ги донесовме изминативе три години, Македонија гради нова политика кон соседите и забрзано се интегрира во евроатлантските структури. Покажуваме како во регионот на сè уште проблематичниот Балкан, политиката може да се води на поинаков начин, со манир на европска земја, која денес генерира стабилност“, вели во своето интревју за Слободен печат, претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

„Посакувам фер и демократски избори на кои граѓаните слободно ќе можат да ја изразат својата волја. Во земјава, сè уште, постојат големи политички поделби, анимозитети и затоа посакувам по овие избори да влеземе во помирен период и победник да биде Република Северна Македонија. Тоа што неспорно ѝ е потребно на нашата држава е продолжување на клучните политики од изминативе три години, тука, мислам, пред сè, на Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и градењето повисоко ниво на меѓуетничка кохезија, кои несомнено отворија можности за напредување од секој аспект. Не смееме да се враќаме назад како држава и повторно да отвораме стари конфликти и проблеми. Прашање на недели е полноправното членство во НАТО, а отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ е со голема извесност. Ова немаше да биде можно без политиките што ги споменав и давањето мандат за таков тип политики е без дилема интерес на сите граѓани. На крајот, демократијата значи да се слушне гласот на граѓаните, и каква ќе биде нивната мнозинска волја, јас како претседател ќе ја почитувам“, вели Пендаровски во однос на претстојните избори, што треба да се одржат на 12 април.



Претходна статија

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ БОМБАРДИРАА ТАЛИБАНСКИТЕ ПОЗИЦИИ, ЗАГРОЗЕН МИРОВНИОТ ПРОЦЕС

Следна статија

МОНШАЛАН: ФРАНЦИЈА ЌЕ ГИ ИСПОЧИТУВА ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕК ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Најново од Вести