МОНШАЛАН: ФРАНЦИЈА ЌЕ ГИ ИСПОЧИТУВА ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕК ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

/

Француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншалан, во одговор на пратеничко прашање, нагласува дека Франција ќе ја донесе својата одлука врз основа на мислењето на Европската комисија, без притоа да каже каква ќе биде таа одлука.

Прашањето во врска со стартот на преговорите на Македонија за влез во ЕУ е поставено од пратеникот Ксавиер Палузукиевич од редовите на мнозинската Република во движење. Тој прашува зошто на 17 и 18 октомври 2019 на Европскиот совет беше отфрлен предлогот за почеток на преговори и зошто Франција особено се спротивстави на пристапувањето на Македонија во спротивност со сите свои партнери.

Тој сака да знае зошто оваа земја конкретно, според француската држава, не ги исполни условите за влез во Унијата. Особено се интересира за состојбата во Македонија и за нејзината усогласеност со таканаречените критериуми од Копенхаген, во споредба со другите држави во фаза на преговори за пристапување како Србија или Црна Гора.



Амели де Моншалан нагласува дека во оваа прилика, земјите-членки не најдоа едногласен договор за започнување преговори со Македонија и Албанија, поради неколку различни позиции, особено во врска со нецелосноста во сегашниот процес за пристапување, за напредокот што треба да го постигнат овие земји во бараните реформи, за можните дополнителни услови или модалитети за отворање на преговори или дури и по можноста за започнување преговори само со едната или двете земји.

Што се однесува конкретно до Македонија, Анмели де Моншалан во одговорот до францускиот пратеник, очигледно изработен пред објавувањето на мислењето на Европската Комисија нагласува дека Франција ја признава вредноста на историскиот договор од Преспа со кој се реши голем билатерален спор меѓу Грција и Македонија и дека тој претставува голем чекор напред за стабилност во регионот.

Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ: ПОСАКУВАМ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ НА 12 АПРИЛ

Следна статија

КАПЕТАНОТ НА КРУЗЕРОТ ПОСЛЕДЕН ГО НАПУШТИ БРОДОТ

Најново од Вести