БОМБАШКИ НАПАД ВО АВГАНИСТАН, НАД 20 МРТВИ

//

Над 20 луѓе се убиени, а 95 се ранети во експлозија на камион-бомба пред болница во јужен Авганистан, соопшти владин претставник, пренесоа светските новински агенции. Меѓу повредените се неколку жени, деца, здравствени работници и пациенти во болницата.

Одговорноста за нападот ја презеле талибанците. Цел на нападот била зградата на разузнавачката служба која била во близина, во покраината Забул, рекле талибанците, кои речиси секојдневно вршат напади откако пропаднаа мировните преговори со САД, пренесуваат агенциите.



Претходна статија

ОСНОВАН МАКЕДОНСКО – ШВАЈЦАРСКИ БИЗНИС КЛУБ

Следна статија

СВР ШТИП ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ З.В.(38) ОД ШТИП

Најново од Вести