|

МВР ГИ ОТКРИ СОПСТВЕНИКОТ И ЕДЕН ОД АДМИНИСТРАТОРИТЕ НА „ЈАВНА СОБА“

Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот на групата „Јавна соба“ со иницијали Д. К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје, информираат од Министерство за внатрешни работи (МВР).

„Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модераторски улоги во групата. Со лицата е извршен службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР“, се вели во соопштението од МВР.

Слични Објави