| | |

Габриел во Скопје: Бугарските државјанства ќе се доделуваат на свечена церемонија и ќе се одземаат во случај на говор на омраза кон Бугарија и Бугарите

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, на 29 ноември во Скопје, ја отвори изложбата „Пловдив – град на мозаиците“ во Бугарскиот културно-информативен центар и се сретна со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија.

„Не постои билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бугарија е членка на ЕУ и ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ. Кога Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ, мора да покаже дека членството во ЕУ значи обврски и исполнети ветувања Разбирањето во ЕУ е јасно – сакаме да покажеме дека мора да се почитуваат човековите права и принципите на ЕУ“, изјави Габриел.

Според неа, неопходно е „да се создаде позитивна агенда“ меѓу двете земји.

„Историјата има свое значење и таа треба да биде предмет на дискусија на историчарите и експертите, бидејќи секогаш кога има можности за злоупотреба, таа се политизира и радикализира. Така се вртиме во маѓепсан круг“, рече Габриел.

Таа посочи и две од важните измени кои се предвидени во Законот за бугарско државјанство стекнато со натурализација, кој треба да биде доставен до парламентот – посебна церемонија за негово добивање и одземање на бугарското државјанство доколку лицето што го стекнало, користи говор на омраза кон Бугарија.

„Верувам во моќта на културната дипломатија“, рече бугарската министерка за надворешни работи на отворањето на изложбата „Пловдив – град на мозаиците“ во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар.

Слични Објави