|

Иднината е или држава на Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски или држава на народот, вели Мицкоски

„Овие избори не се помеѓу Европа и изолација, овие избори се одлука на граѓаните во Македонија помеѓу Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски од едната страна и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од друга страна“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Секоја друга, условно кажано, трета опција или седење дома е директно гласање за оваа група, правата група. Затоа ги повикувам граѓаните масовно да излезат на изборите, да земат учество и да одлучат во каква држава сакаат да живеат“, рече Мицкоски и потенцираше:

„Ги предупредувам граганите, иднината е или држава Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски или држава на народот, која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа се двата концепти кои што ќе се судрат на овие избори, нема трет концепт, секој оној кој ќе одлучи да поддржи трет концепт или да остане дома и на тој начин да биде надвор од изборниот процес, всушност учествува и го поддржува првиот концепт,концептот што го нудат ДУИ и СДСМ“, рече Мицкоски.

Како што додаде Мицкоски, од страна на ВМРО-ДПМНЕ се планираат сериозни реформи во министерството за образование.



Слични Објави