| |

Албанците не се заеднички македонско-српски непријател!

Пишува: Христо Михаjлов

Албанскиот синдром излезе на балканската и европејската сцена со големи претензии преземајќи ја штафетата на “македонскиот синдром” иако не е баш прилично да му го прикачиме истото тоа болно наименување. Зашто албанската пројава е ѓаволски животоспособна барајќи си место под Сонцето и во историјата на Балканот и на Европа. И никого не бива да му завидуваме на тој упорен народ, бидејќи многу добро знаеме од лично искуство , дека всушност и неговата судбина им зависи од истите благородни велики сили. И дека истиот тој албански народ, изрично ќе ја исполнува нивната волја за да биде следната искупувачка жртва на нивните интереси, оти хегемонизмот на Балканите има многу имиња. Современиот свет ни заприличува многу на една голема шаховска табла, и врз неа неколку големи раце грижливо ги поместуваат фигурите барајќи победа само за себе си, бидејќи туѓопоклоништвото во политиката се појавил само поради недостиг на јасни национални идеи како морал и начин на мислење. 

Косовската шаховска табла

Косово е, исто така, шаховска табла, навистина помала, но сепак шаховска табла врз којашто се испробуваат силите и можностите за предимство тука, во партизанската џунгла на Балканот. Но битката на големите за да постигна свои цели во Косово е и декор, на фонот на којшто некои држави од регионот стануваат цинично отворени  и за своите великодржавни цели, патем папагалски преповторувајќи како божем само со европски дух би можеле да ги надминеме старите балкански страсти! Моменталниот статут на Косово е препотврден и од самата Југославија (Србија и Црна Гора) со нејзиниот потпис ставен на Кумановскиот договор, и сите ние во денешна Р. Македонија  во ниеден случај не треба да се чувствуваме должни да бидеме поголеми југослвени од самите југословени, коишто самите си го потпишаа тој фамозен договор. И тука е всушност вистинската интрига – дали во сегашна Р. Македонија некои импровизирани од космополитска магла политичари и нивните жолти медиуми се патриоти на Р.Македонија или, пак, на фантомската држава Југославија,, а како што изгледа тој вирус на србизмот ќе ги мори се до гроб. И колку што порано кај нас во Р.С. Македонија најпосле се разбере дека всушност косовскиот проблем не е идентичен со албанскиот во Западна Македонија, толку побрзо и полесно ќе се гарантира вистинската независност и територијална целовитост на младата држава. Уште повеќе, што албанскиот елемент се има вклинето меѓу Србија и Р.С Македонија така што двете држави  веќе практично немаат општа етнографска граница. Проблемот на Србија денес само привидно е Косово, зашто вистинскиот проблем којшто длабоко ги растревожува Србија и нејзиниот побратим Грција, всушност е независната македонска држава.  Конфликтот во Косово требаше да ја растрои Р.С.Македонија и тоа беше едноставната стратегија на Белград, активно поткрепувана не само од грчката официјална дипломатија, туку и од страна на сите високопоставени Грци, вработени во американската администрација. Природното зближување меѓу Р.С.Македонија  и Република Бугарија во Атина и Белград панично се прими како закана за нивните витални национални интереси, и токму затоа нивната основна цел е како да биде дестабилизирана нашата млада држава, како да биде прекршена нашата политичка волја за самостоен државнички живот, за да ја востановат одново стратегиската заедничка граница меѓу себе си. Ако внимателно анализираме како беше извршено етничкото чистење на Слободан Милошевиќ во Косово, ќе видиме дека тоа се правеше во насоката север-југ, каде што минуваат важни железнички и патни артерии, како и околу рудниците Трепча, каде што богатите  рудни наоѓалишта од олово, цинк, злато и сребро претставуваат стратегиска суровина. Но точно тој е и патот за Грција и Солун, при што не е тешко да се разбере дека стратезите во Белград и Атина предвидуваат и едно евентуално разделување на самото Косово, а оттаму и евентуално раскинување на Р.С. Македонија. 

Од сојузници до крвници

Како се случи тоа, што од сојузници во минатотот денес Македонците и Албанците да се гледаат како противници и дали таа констатација воопшто е точна, и во крајна сметка какви се перспективите пред Р.С Македонија со оглед на Балканскиот горечки фитил наречен Косово? Преобраќањето на Албанците во заеднички македоно-српски непријател е најголемиот успех на грчката дипломатија, зашто токму така се растура една речиси вековна традиција на сорагбтока меѓу ВМРО и албанските револуционери од Косово и Македонија против Белград, отклонувајќи се и од политиката на зближување со Бугарија. Ако само ја попрелистаме историјата, ќе видиме документарно дека трипати во последните 110 години ВМРО и албанските револуционери ги отстојувале своите права против српскиот окупатор. Во 1913г . Во Охридско Тиквешкото востание четите на Петар Чаулев дејстувват заеднички со албанските востаници. Во 1920г, во Рим со содејство на официјалните италијански власти легендарниот Тодоро Александров се договара со албанскиот отпор во Косово за усогласниве дејствија против Белград. Во 1926 г., претставниците на Задграничното претсавништво на ВМРО; Кирил Прличев и Наум Томалевски во Тирана склучиле договоро за исползување бази од ВМРО на албанска територија. И во 1932 г, ефот на албанскиот отпор во Косово и Македонија, Хасан беј Приштина доаѓа во вилата Банки крај Софија, каде што се договора со корифејот Иван Ванчо Михајлов исто така, за заеднички дествија. Криминализацијата на тогашниот албански отпр во Косово и тероризирањето на самото албанско население во Македонија ја породи и вештачката криза меѓу Македонците и Албанците, којашто треба да ја анализираме надвор од догматската методологија на  ЕУ и НАТО  и вон егоистичките цели на Атина и Белград. БИдејќи стратегијата на спротиставувањето на Албанците на основното население на Р:Македонија не е во интерес ниту на самите Албанци ниту пак на Македонците и тоа спротиставување е благодатна почква за спрско-грчкото сојузништво во Р.С Македонија, а имено албанските терористи се најзгодниот параван и директен сојузник на таа стратегија. Калашниковите на албанските радикали се наполнети со куршуми од Атина и Белград, и тие пукаат насекаде низ Западна Македонија, но вистинската цел како да им е Софија, онаа Софија којашто никогаш не треба ниту да помисли да се доближи до СКопје. Идиотштина од историски маштаб е да не се разбере дека всушност Тирана, Скопје и Софија се наоѓаат во една иста геополитичка оска, и точно тоа јадри ги плаши сите оние коишто постојано се обидуваат да компонираат кај нас конфликти и леење крв. Веќе од поодамна е јасно како сонце дека целовитоста на денешна Р.С Македонија и нејзината самостојна политика никако не се врзува со тие за нас погубни интереси. Јавна тајна е и тоа дека албанскитетерористи свесно или пак , не работата во нивна полза, а не во полза на Албанците во Р.С Македонија и Косово. Времето си ги раѓа луѓето и кога се зема едно решение, тоа истото треба да биде добро обмислено и проценето така што оттаму та до крај да има подобрување, а не влошување на ситуацијата доловувајќи им се безрличието на лекар, којшто не се интересира толку од судбината на болниот колку од неговата болест. Поинаку кажано, начисто ли е Р.С Македонија со сопствената ролја којашто треба да ја изигра точно во денешните собитија на Балканот таа е должна и може да го хармонизира растроениот политички оркестар, невгледувајќи се во руините на државата како Нерон кон испепелениот Рим.  Точно тие суштествени подробности идната македонска дипломатија треба деноноќно да им ги објаснува на политичарите во Тирана и Софија, во Вашингтон и Брисел. И токму тоа денес ќе биде ѕвездената ролја којашто Р.С Македонија е должна да ја одигра со талент и вдахновеност, зашто во спротивност сите наполни на новите власти ќе бидат нешто како празни усилија на љубовта. 

Правец на македонската дипломатија 

Македонската дипломатија треба да ги пренасочи своите активности кон Тирана и Софија бидејќи закрепнувањето на нашите врски со тие две наши соседни држави ќе спречи многу од тајните српско грчки стратегии. Обратното само би ја привлекло Р.С Македонија кон српско руската орбита, нешто што од своја страна дополнително би го засилил притисокот врз прозападно настроената Бугарија, и којшто не ја гледа таа дребност тој истиот е и политички слеп за нашите стратегиски интереси. Воената криза кај нас и ја даде последната можност на Србија да и внуши на Р.С Македонија дека божем тие се на една фронтовска линија и дека нивен општ непријател се Албанците. Оттука следува дека приоритетен  за Р.С Македонија е магистралниот пат Белград – Ниш – Скопје – Солун а никако не Софија – Скопје, а таокму тоа нашата дипломатија не би требало да го допушти. Бидејќи тоа ги доведува во целосна опасност  македонските интереси и е добредојдено за оние, коишто најактивно работата против конечното изградување на Коридорот број 8. Ако македонските политичари навреме не ја осознаат таа тенкост српско грчкото фереџе на интереси одново ќе натежи, а економската сорбатка во посока исток- запад по којзнае којпат повторно ќе западне во глува линија вечно живата стратегија на Србија и Грција. Денес вон секакви сентименталности, настрана крокодилските солзи за идната судбина на славјаноправославието Р.С.Македонија треба да ги согледува своите вистински национални интереси коишто не се наоѓаат  во триаголникот Русија -Грција -Србија, зашто тој триаголник на интереси ќе си дејствува и во самата ЕУ и по неа. Државите од тој фанфарон триаголник од крајот на ПРвата светска војна та се до ден денешен успешно  ја прилагаат нивната железна прегратка кон Р.С Македонија и доскоро кон Р Бугарија и веќе речиси 90 години сме преобрнати во помошно стопанство на нивните егоистични интереси, насочени против преземањеот на нашите две братски држави како природен центар на Балканскиот Полуостров. Војната во Р. Македонија, се водеше токму заради тоа да се зачува статус квото коешто ги исклучува евентуалните врски економски,  културни и воено политички меѓу Скопје и Софија. Момнетлано славјанска РУсија е задкулисниот играч на Балканот, а тоа ни претполага и наша активна задкулисна политика и со нив, и особено со САД, оти сега ЕУ Се залага исцело на старото статус – кво, кое никако не е згодно за Р.С. Македонија. Без сомнение тој е механизмот, прост и работејќи како часовник пружината на којшто му ја навиваат самите наши политчари како последни мохиканци на пештерската бугарофобија. Конечното раскинување со таа понижувачка зависност  е повелба и долг на сегашното поколение Македонци, а едно од средствата да се извлечеме од задушувачката прегратка е Р.С Македонија, а нормално и самата Р. Бугарија да работата со сите расположливи сили за најсетнешното изградување на инфрастурктурните проекти во насоката исток- запад. И најголемиот паметник на својата државничка далекувидост, којшто денешните водачи на Р.С.Македонија можат да го издгинат, е точно завршувањето на железничката линија Скопје-Софија. 

Грција сака уште да владее со Балканот 

Што се однесува, пак, до Грција треба да се има предвид дека таа ја смени само тактиката, којашто е заслуга само на квалитетите на определдени нови атински политичари, кои извлекоа правилни поуки од негативниот имиџ на нивната земја во светот. По започнатотот подобрување на грчко турските односи очевидно Грција смета дека грбот и е обезбедеден и рацете и се одврзани за решавање на проблемите со своите северни соседи, така што таа  смета, дека ќе биде најдобро за незјините интереси. Како прво создавање скекави возможни пречки за економско возмогнување на сите три северни соседи со посредство на нивнот економско и финансиско заробување и исцицување на нивните богатства со помошта на стотици грчки фирми, закупување банки претпријатија и компании особено стратегиските како телекомуникациите итн. Под второ-создавање на економско политички пречки за обединување на суилијата на трите држави Албанија, Р.С Македонија и Бугарија за излегување од сегшната лоша економска положба. Тоа особено жестоко се пројавува со реагирањето на Грција против градењето на Коридорото 8 , наречен од грчка страна уште како и Параигнатија зашто неговата изградба знаичетлно би го ограничило исползувањето на магистралата Игуменица грчко турската граница наречена Виа Игнатија, со што би ја намалило очекуваната ефективност. И под трето да се направи се што е можно со цел да се осигури една општа граница со СРбија, со што се осигурува поблизок пат и поевтин транспорт до Централна и Западна Европа. Кон таа последна цел е насочена и грчката добронамерност и загриженост за младата Р.С Македонија и затоа никако не е исклучено при натамошно усложнување  на ситуацијата во регионот  Грците и нивните вековни пријатели Србите да се јават во ролја на некакви си умиротворители, бидејќи повеќе пати досега тоа го правеле. Сосема неслучајно што се доскоро лукавите Грци не упрекмнуваа дека сме згрешиле кога сме решиле да се одделиме од бивша Југославија настојчиво советувајќи не одново да си се вратиме во нејзините прегратки. Дополнувајќи кон горепосоченото треба неизоставно да се каже дека влошувањето на положбата во Р.С Македонија решава уште еден немал грчки проблек се отклонува вниманието од евентуални албански аспирации за значителното албанско малцинство во самата Грција и се насочуваат усилијата кон заштита на грчкото малцинство во Албанија, коешто за последните десетина години рапидно порасна за околу десет пати. Тоа е уште еден драстичен пример како може вештачки да се откриваат и одглеудваат манипулативно се довчера фактички непостоечки малцинства или пак, да се увеличува количеството на припаѓачки  кон така мал малцинство на луѓе . Во пропаднатата финансиска иституционална Р.С. Македонија, Грција виде среќна можност  за навлегување преку инвестиции и за завладување на пазарите и еконоијата на нашата земја. Наеднаш споровите за и околу името останаа настрана, и Грција којашто веќе се вживеа во сопствената ролја на балканските држави  од бившиот социјалистички лагер, го виде токму во Р. С Македонија првиот објект, каде што непречено би можела да си ја испробува својата програма за иден стопански настап воопшто на немирниот Балкан. Веќе крајно време е да си бидиме самите со себе си начисто! Инвестирањето и економскотп роникнување денес е најрезултатното срество за политички притисок докрај кажано оној којшто го управува стопанскито живот на една држава, тој истиот всушност ќе и ја опредлеува и нејзината политичка ориентација. Нашите јужни соседи папагалски повторуваат дека сите тие договори и соработка во областа на економијата меѓу двете држави се нешто стратегиско, намерно недополнувајќи дека сето тоа дејствително неволно но сепак прифаќање  на плановите на таа наша сосетка, чијашто крајна цел е да ја елиминира границата меѓу нас, диктирајчи ни ги нејзините услови и интереси. Најпосле, ајде машки да ги запрашаме самите Грци зашто нивната држава никако не допушта на пример, турски инвестиции на сопствена територија!! Војната во Косово и минатогодишните случувања кај нас беше најдобриот подарок од судбината на Грција, бидејќи создаде практични услови Атина да ја осуштествува својата програма за владеење со нашиот Полуостров. И ако Р.С Македонија како најзасегната не сакаат да станат експериментални зајачиња точно на таа програма, ние треба да си имаме свои програми за против дејство на прекалените амбиции за хегемонизам од страна на Р.Грција. Најсетне Америка, којашто во Њој 1919 г, не успеа да ја прекрши фрнацуско грчко руско српската волја за превласт на Балканот, волја која беше насочена кон обесилување ни раскинување на Македонија и Бугарија, тогаш во Дејтон, Рамбуе и Куманово успеа само делумно да ја разбие тогаш создадената матрица. Воените удари на НАТО пактот над милошевиќка Југославија со сите произлегувачки негативи од нив имаа едно предимство за нас тие ја спасија Р.С Македонија од буквално распаѓање т.е. Сопирајќи го востановувањето на статус квото од пред 1991г, односно општата граница меѓу Грција и Србија! 

Слични Објави