24-ТА ИЗЛОЖБА НА ЖЕНИ СЛИКАРКИ ОД ОХРИД
По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, женскиот центар „Бисера“ ја организираше 24-тата изложба на жени сликарки од Охрид.
Изложбата се одржа синоќа, во 19 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“. На оваа 24-та изложба зедоа учество повеќе жени со своите дела: Билјана Киркова, Благица Србиноска, Даниела Илијоска, Данче Наумоска, Ленче Бојнеска, Димоска Слободанка, Елена Србиноска, Лилјана Сотироска, Разменка Суклоска, Лилјана Ристеска, Кристина Србиноска и Ленче Косароска.
Свеченоста со своја изведба ја збогатија ученици од средното музичко училиште „Тодор Скалоски- Тетоец“ од Струга. „Се посврши сербез Донка“ беше една од прекрасните композиции со кои беше украсена прекрасната атмосфера на изложбата.
















