СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – КУМАНОВО, ПОВРЕДЕНИ СЕ ТРИ ЛИЦА

На 14.01.2021 во 18.40 часот во СВР Скопје  било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, после наплатната станица „Миладиновци“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од с.Слупчане, општина Липково. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Општа болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

loading...



loading...