| |

Курти: Србија мора да сноси целосна одговорност за спонзорирање на терористичко насилство

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека Србија мора да сноси целосна одговорност за нападите врз косовската полиција во северниот дел на земјата, јавува „Коха“, пренесува БГНЕС.

„Ова воено оружје и опрема запленети во антитерористичката операција на косовската полиција по вчерашниот напад не оставаат простор за сомнеж: Извршителите на злосторството не дејствувале сами, туку со поддршка од државата. Србија мора целосно да поднесе одговорност за спонзорирање на терористичко насилство на територијата на Република Косово“, напиша Курти на социјалната мрежа Х.

Во објавата косовскиот премиер објави список со целото оружје што е запленето во северно Косово, како и неколку слики од истото.

Во нападите врз косовската полиција на север, загина полицаецот Африм Буњаку. Во престрелката беа ранети уште тројца полицајци, а беа ликвидирани четворица вооружени напаѓачи.

Слични Објави