„Бугарски војводи им помагаат на Грците“-телеграма, објавена во весникот „Бугарија“, број 13, Софија, 1912 г.
„Македонo-oдринската револуционерна организација, која ги презеде своите дејствија по објавувањето на војната, им помогна на редовните трупи на многу места во Македонија. Револуционерите не одбија помош на Грците, како што може да се види од содржината на телеграмата подолу. испратенa од тројца самопожртвувани познати револуционери до господинот Венизелос во Атина:

„Во име на 150 бугарски револуционери од околината на Лерин, ви ги честитаме победите на храбрата грчка војска, со која денеска заедно дејствувавме на превоите на Карали-Дервен.
Да живеат балканските земји! Да живее Грција! В.Чакаларов, Хр. Силјанов, Ив. Попов“.
Извор: Библиотека Струмски
