| |

Тројца од настраданите во Кочани се згрижени во болницата „Св. Георги“ во Пловдив

Три лица повредени во пожарот во градот Кочани, се примени на лекување во болницата „Св. Георги“ во Пловдив, јавува БГНЕС.

Повредените биле пренесени со возила на брза помош. Настраданите до полноќ биле примени на клиниката за изгореници и веќе ја добиваат потребната нега и лекување.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во источниот дел на Република Северна Македонија загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Околу 20 од нив се во многу тешка состојба.

Слични Објави