КАРТИЧКАТА „СКОПСКА“ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ НАДОПОЛНИ НА НАД 20 НОВИ ЛОКАЦИИ
Граѓаните во моментов можат да ја купат или надополнат картичката „Скопска“ на речиси 100 локации низ градот. Дополнително, картичката „Скопска“ може да се купи или надополни во 32 билетарници на јавното сообраќајно претпријатие
ЈСП Скопје ја прошири секундарната продажна мрежа за над 20 дополнителни локации (маркети, трафики и слично) низ скопските општини. Покрај тоа што ќе можат да ја купат картичката „Скопска“ на овие локации, граѓаните ќе можат и да ја надополнат картичката, без притоа да треба да одат до некоја од билетарниците на ЈСП Скопје.
Како што информираат од ЈСП Скопје, граѓаните во моментов можат да ја купат или надополнат картичката „Скопска“ на речиси 100 локации низ градот. Сите локации се опишани со фотографија на фејсбук страницата на ЈСП Скопје.
Дополнително, картичката „Скопска“ може да се купи или надополни во 32 билетарници на јавното сообраќајно претпријатие.
Од ЈСП Скопје очекуваат во наредниот период да се прошири секундарната дистрибутивна мрежа, со што услугите на јавниот превоз во Скопје би биле подостапни за граѓаните.