Зошто протестите беа помасовни во медиумите одошто пред Клубот “Цар Борис Трети” во Охрид?

//

Fb статус на Ивон Величковски

Во две недели, со мечот меѓу репрезентациите и протестите пред Клубот во Охрид, “Татари”, “фашисти”, “две червени” останаа осамен израз на идеологизираниот македонизам на “јавноста” пред европското и евроатланското македонство.

Протестите на ВМРО ДПМНЕ и Левица беа испит: по бројноста – за организаторите, по покривањето – за медиумите и по одржувањето на редот – за институциите.Пар-стотина демонстранти пред Клубот во Охрид го издишаа балонот дуван со “францускиот предлог” летово и докажаа дека системските скопјани и Македонците се на различни страни. Тие “на терен” го демонтираа “отпорот” на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кон уставните промени, кој од “принцип” е сведен на дневна дразба на јавното мислење за држење во живот на партиите.

Фактот што овој, како и битолскиот клуб се одамна регистрирани покажа дека и од законски аспект темата е дневна, а не суштинска. И ад-хок телата на Министерот за правда ги прави смешни.Затоа, најилустративно е што премолчуваат, а какви споредности акцентираат (нашите) медиуми.На пр., зошто додека Еврејската заедница во Скопје го проблематизира користењето на името на Борис Трети, онаа од Софија даде поддршка за истото? Зошто ретко кој во Скопје го пренесе ова и од каде потекнува разликата во гледањето за неговата улога во депортирањето на македонските Евреи, а спас на бугарските? Имено, тоа кај нас води до незгодни прашања: – кој учествувал во идентификување и депортирање на Евреите од Македонија? Кој ја спроведувал во Скопје, Штип… односно кои се македонски квислинзи и какви се нивните судбини?! – кој и како спасил макар мал дел од македонските Евреи? Сите очигледно не биле сокриени во градовите, туку некој некаде ги пренесувал на безбедно. Кој и каде? Кај нас нема збор за податоците дека еврејската популација во Бугарија по Втората светска војна останала иста со предвоената, а за истиот период во Албанија таа била зголемена?!- што се случило со имотот на Евреите? Скопскиот земјотрес ги елиминира маалата вклучително еврејското, но кој живее (ги присвојува?!) имотите на Евреите убиени во холокаустот меѓу 1944 и 1963? Дали нивните преживеани наследници се обештетени? Другите македонски градови од каде се Евреите се одведени во смрт не се разрушени ниту од бомби ниту од земјотрес. Што е со нивниот имот?



Музејот и фондот на холокаустот се формирани со буџетски средства, но колку и дали воопшто имаме реституција на еврејскиот имот по војната? И ако нешто се премолчува(ло), кој учествува(л) во тоа?Овие прашања денес несакајќи најавуваат прашања и кон една навидум наповрзана тема – третманот и имотите во повоена Македонија и на уште една верска заедница – римокатоличката.

Плеткајќи ја својата мрежа кон општеството, “јавноста” ја лапна јадицата.



Претходна статија

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб „Борис III“ e провокација и не е во интерес на бугарската заедница

Следна статија

Редакцијата на Трибуна го честита роденденот на д-р Виолета Радева, наш голем поддржувач и соработник

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска