| |

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб „Борис III“ e провокација и не е во интерес на бугарската заедница

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која оди на штета на бугарската заедница во државава.

-Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Отука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на бугарската заедница во државава, рече денеска министерот Османи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите.

Извор: Zoom.mk



Слични Објави