МАКЕДОНИЈА ИЗРАЗИ ЖЕЛБА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА НУКЛЕАРКАТА „БЕЛЕНЕ“ ВО БУГАРИЈА
Македонија изрази интерес за учество во проектот за градење на нуклеарката Белене, бидејќи има недостиг од базна енергија, а со тек на времето со искористувањето на јагленот, тоа дополнително ќе се пројавува како проблем, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, во врска со објавата дека ЕСМ е меѓу компаниите кои пројавиле интерес за учество во проектот Белене.
Анѓушев вели уште дека е рано да се зборува за проценти, и најави подетални информации во идниот период.
„Сега станува збор само за изразување на подготвеност за соработка“, додава Анѓушев.
Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска на брифинг со новинари истакна дека 13 компании пројавиле интерес за учество во проектот. Меѓу нив е и ЕСМ.