Бугарска делегација во посета на Света Гора и на бугарскиот манастир „Св. Георги Зограф“
Бугарска делегација, предводена од претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков, престојува во традиционална посета на Света Гора на прославата на манастирот „Св. Георги Зограф”. Ова го соопшти прес центарот на бугарското Народно собрание.
Денеска во 11:15 часот, претседателот на Собранието, Росен Желјазков и делегацијата предводена од него, во главниот град Кареја ќе се сретнат со духовното раководство на Света Гора. Подоцна ќе го посетат бугарскиот манастир „Св. Георги Зограф”. Во 14:00 часот претседателот на Народното собрание и народните избраници ќе разговараат со монашкото братство и потоа ќе го разгледаат манастирот и неговата библиотека. Претседателот на Собранието ќе замине за Бугарија, а пратениците ќе присуствува на вечерната богослужба и на вечерното бдение во светиот манастир .
Народните претставници на 16 ноември ќе учествуваат на свечената богослужба во црквата по повод празникот на манастирот и ќе се приклучат на литургиската поворка со чудотворната икона на Свети Георги.
Во бугарската делегација се потпретседателот на Народното собрание и пратеник од ПГ „Преродба“ Цончо Ганев, претседателот на Комисијата за уставни прашања и пратеник од ПГ на ГЕРБ-СДС Радомир Чолаков, пратеникот од на ПГ „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ Христо Даскалов, пратеникот од ПГ „БСП за Бугарија“ Румен Гечев, пратеникот од ПГ „Има таков народ“ Станислав Богдански и заменик министерот за надворешни работи Тихомир. Стојчев.
