| |

ДВАЈЦА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО ШТИП ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

Еден инфектолог и една медицинска сестра од хируршка сала на Одделението за ортопедија се позитивни на коронавирус, со што бројката на заразени здравствени работници во штипската Клиничка болница се искачи на шест. Случај со пациент на кого му требало итна операција на ортопедија од минатиот петок во самоизолација смести четворици здравствени работници, а една сестра е позитивна.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека епидемиологот направил епидемиолошка анкета со вработените во овој оддел, по што од страна на болницата се преземени мерки.

Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека деновиве на Инфективното одделение работата ќе се нормализира, со враќање на 10 здрaвствени работници.

Досега од штипската клиничка болница се тестирани 18 здравствени работници. На инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 14 пациенти од источниот регион.

Слични Објави