ВО ЕВРОПА, ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЛУЃЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС
Повеќе од еден милион луѓе се заразени со коронавирус во Европа, што е нешто повеќе од половина од вкупните случаи во светот каде што има повеќе од два милиони заболени, пренесува агенцијата „Франс прес“.
Со најмалку 1.010.896 случаи на зараза, од кои 85.227 се смртни случаи, Европа е најпогодениот континент во пандемијата со „ковид-19“.
Земјите кои се најпогодени се Шпанија, Италија, Франција и Германија, секоја со над 100.000 случаи на нејзина територија, при што Велика Британија се приближува до таа бројка и моментно бележи најмногу случаи на ден.
Во Европа се забележани 85.227 спочинати лица на 1.010.896 заболени во средата во 11 часот по полноќ, во Соединетите Држави и Канада имало 26.983 смртни случаи (636.413 заболени), Азија 5.218 смртни случаи (147.564 заболени), Блискиот Исток 5.135 смртни случаи (108.791 заболен), Латинска Америка и Карибите 3343 смртни случаи (73.673 заболени), Африка 869 смртни случаи (16.215 заболени) и Океанија 78 мртви (7652 заболени).

