ВМРО-БНД ДОНИРАШЕ ЗАШТИТНИ ВИЗИРИ ЗА ДОКТОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

//

ВМРО-БНД донираше заштитни визири за нашите лекари. Заштитната опрема е наменета за лекарите кои се борат на првата линија на Ковид-19.

„Нашите браќа во Македонија се борат со пандемијата и ние сметаме дека е наша должност да бидеме со нив рамо до рамо во борбата против вирусот“, велат од организацијата.

Визирите беа предадени на неговата екселенција Владимир Крстевски в.д. амбасадор на Р. Македонија во Бугарија од организациониот секретар на ВМРО, Јулиан Ангелов.


Визирите се изработени од универзитетот во Русе на 3D принтери. Материјалите од кои што е направена самата заштитна опрема е исто така донација од ВМРО-БНД.



Оваа акција е дел од кампањата на ВМРО-БНД за помагање на лекарите во борбата против корона вирусот. Тие веќе донираа во Банско, Велико Трново, Костинброд, Русе, Плевен, Смолјан, Карлово и Варна.



Претходна статија

ВО ЕВРОПА, ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЛУЃЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Следна статија

ВО РУСИЈА ОТКРИЕН НУЛТА ПАЦИЕНТОТ ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС

Најново од Вести