ГДУ-ШТИП: ШТИП И ОКОЛНИТЕ СЕЛА СЕ ПРЕТВОРЕНИ ВО ОГРОМНИ ЛИЗГАЛИШТА
„По реакцијата на ГДУ-Штип, во врска со нефункционалноста на штипското лизгалиште, општината Штип денеска организираше час по лизгање, на кој беа повикани да учествуваат сите заинтересирани.
Фасцинирани од идејата, општината, дозволи улиците и тротоарите во градот Штип а и околните села да се претворат во огромни лизгалишта.
Искрено се надеваме и им посакуваме на вработените во Итната медицинска помош да имаат што помалку работа во овој период од годината.
Општината потроши илјадници евра за набавка на опрема и сол, и забораваат дека треба да ги употребат.
Народниот правобранител им порачува на граѓаните да не ја чекаат правдата и правата, туку да се борат за неа. За скршениците кои настанале како последица од нерасчистените улици, граѓаните можат да ја тужат општината.
Граѓанско Демократската Унија од Штип будно ќе ги следи сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ќе реагира за побрзо решавање на истите“- се вели во соопштението на Граѓанско демократска унија-Штип-ГДУ-Штип.