Бугарска национална платформа и Фондација Македонија: Да го фатиме последниот воз за РС Македонија

//

Во последните 30 години Бугарија не е присутна по никаков начин во РС Македонија и не ги штити интересите на Бугарите што живеат таму, изјавија на прес-конференција во БТА претставници на невладините организации Бугарска национална платформа и Фондација Македонија. Двете организации ја повикуваат Бугарија да се ангажира со проблемите во РС Македонија, бидејќи процесите сѐ уште не станале неповратни. Тие се категорични дека двете земји треба да си подадат рака, да го признаат своето заедничко минато и секоја да оди по својот пат.

„Сѐ уште можеме да го фатиме последниот воз, но ако не го направиме тоа Белград ќе успее по век и половина да ги откине македонските земји од Бугарија“, изјавија претставниците на двете невладини организации и објаснија дека поради таа причина се обединуваат.
На прес-конференцијата беше претставен споразум за стратешко партнерство за заштита на бугарските национални интереси меѓу Бугарската национална платформа и Фондација Македонија. Тие презентираа и неколку порочни практики поврзани со пописот којшто моментално се одвива во РС Македонија.

Уште во март 2020 година биле констатирани 36 случаи на граѓани од Македонија кои биле повикувани од власта, бидејќи сакале да се декларираат како Бугари. Истите биле заплашувани да не го прават тоа, бидејќи Бугарите биле историски непријатели на Македонците. Двете организации објавија дека во моментот се води кампања од организации кои тврдат дека се бугарски, лицата кои се изјаснуваат како Бугари да не се декларираат како такви, бидејќи немало разлика помеѓу Македонците и Бугарите и не е дојдено времето за тоа. Од двете невладини организации се категорични дека Бугарија и бугарското општество не направиле ништо за да ги подготви Бугарите во РС Македонија за пописот.

Од Бугарска национална платформа и Фондација Македонија тврдат дека годинава за првпат Бугарија успеала да „избрка“ околу 50 проценти на кандидат студентите на РС Македонија. Тие потсетуваат дека во 1994 година е донесено решение да се даде можност за бесплатно образование во Бугарија на студенти на држави со локално население каква што е РС Македонија. Оваа година поради измените во Законот за бугарско државјанство, Парламентот ги заборавил кандидат-студентите и повеќе од 100 студенти од РС Македонија ја изгубиле можноста да учат во Бугарија. Според двете организации Министерството за образование и наука не ги објаснила чекорите за конкурирање и тоа попречило на уште 70 деца од РС Македонија да се запишат на универзитетите во Бугарија.

Како друга пречка организациите ја истакнуваат наредбата на министерот за здравство да од септември не се допуштаат македонски државјани во земјата поради Ковид кризата.

Бугарска национална платформа и Фондација Македонија настојуваат Бугарите да бидат запишани како државотворен народ во Уставот на РС Македонија.



Претходна статија

(Фото) Наш читател македонски Бугарин: Прво ме попишаа на лист од незаверена тетратка, а два дена подоцна одбија да ја евидентираат мојата куќа

Следна статија

Германски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот во модуларната болница

Најново од Вести