ЗА КОЈА ЗОРА ЗБОРУВА МИЦКО ВОЈВОДА?

Го видов депресивното видео на војводата Мицко „скувано“ од „готвачите“ вработени во Белата палата… намерно не ја нарекувам палата „Христо Татарчев“ бидејќи ДПМНЕ-вците не заслужуваат ни да го спомнат името на основачот и прв претседател на Организацијата, д-р Христо Татарчев. Знаете ли зошто? Затоа што после АСНОМ, Татарчев е „посоветуван“ да ја напушти комунистичка Македонија. Оти за него немало место во новата држава создадена за време на „вториот Илинден“. Творецот на првиот Илинден, не бил пожелен од креаторите  на „вториот“. Нешто не штима нели? Спомнал некогаш некој фактор во ДПМНЕ, нешто околу тоа прашање? Потсетете ме! Пратете ми линк со видео или текст!!!

Неколку кадри покажани во видеото наменето за стегање на редовите на раскурцаната команда на Мицко војвода ми направија впечаток. Одам со слика и текст…

Вакви сцени имаше и за време на т.нар. Шарена револуција. Да не забораваме дека токму Белата шампита беше чувана како објект од најголема важност, додека „комуњариве“ фрлаа со куртони полни со боја по сите згради на институции ширум Македонија. Шампитата не беше чепната. Тажно навистина, ама тажно е веќе 27 години „војводо“.

Одиме со следно кадро од депресивното видео направено во стил: „Немој ма немој да си одиш кога тогаш ќе пркнам, подружиме уште малце“.

Овој screen shot е многу важен… еден многу важен историски лик недостасува овде. Случајно? Не верувам!!!

Но…

…петокраката, Тито и Сталин не смеат да бидат пропуштени!!!

Последниот момент лично за мене е најболен:

Државното знаме сум го видел искинато како се вее на „патриотските“ јарболи и во времето кога азилантот Груевски беше на власт. Изгледа не дошол на ред тендерот за нови знамиња, бидејќи Миле Ми текна повеќе се замараше за провизиите од автопатиштата и од фактот што во некој прилепски локал се собирале комуњари, па морало истиот да биде запален!!! Знамињата… кој ги вее!!!

Морав да ги напоменам овие работи… запомнете ја сликата со војводите таму го има Бизим Јане, а го нема нарачателот на Маршот на македонските револуционери „Изгреј зора на свободата“. Кој е нарачателот на овој марш? Не го прашувајте Мицко, не верувам дека знае. Јас ќе ви го покажам:

Човекот со брада облечен во бугарска офицерска униформа се вика Тодор Александров. Сликан е со генерал Александар Протогеров… погодете сами во која армија бил генерал охриѓанецов.

Мицко војвода многу често знае да го спомне Договорот за добрососедство со Бугарија во негативна конотација… го разбирам тој нема ни најништожна претстава што е тоа ВМРО. Тој е претседател на ДПМНЕ, а сите знаеме дека во ДПМНЕ нема ни В од ВМРО (тука нормално не влегуваат малку поупатените членови на партијата, кои нормално се нарекувани бугараши од страна на античките „патриоти“).

Војводо, не е културно да ја повикуваш Зората на слободата да изгрее и ќе ти кажам зошто. Ти војводо си чудна сорта ВМРО-вец… не признаваш заедничка историја со Бугарија, а сите водачи на Организацијата, биле на бугарска служба, без разлика дали истата е просветна (Гоце Делчев, Дамјан Груев) или воена (Сарафов, Протогеров, Дрангов, Александров). Ти не го признаваш тоа, ти си против тоа, ти можеш да бидеш претседател на ДПМНЕ, ама не и на ВМРО. Факт!!!

Војводо, маршот на македонските револуционери, со чие име ти повикуваш за предвремени избори е напишан исто така од бугарски офицер. Офицерот се вика Александар Морфов, роден е во Стара Загора и не, нема баба и дедо од Македонија. Чист Бугарин, ама не, ние немаме заедничка историја со Бугарија нели? Ти како ВМРО-вец не се согласуваш со тоа, ти си патриот!!!

Јас на твое место не би ја спомнувал химната „Изгреј зора на свободата“. Еден бугарски офицер ја нарачува на друг бугарски офицер. Што имаш ти со тоа? Ти си угледен македонски професор и политичар… честит човек, не си предавник што потпишува договори со Бугарите. Ти никогаш не би потпишал договор со Бугарите нели?

Војводо имај барем малку срам… не повикувај се на ништо што е поврзано со ВМРО пред создавањето на ДПМНЕ. Не за друго, ќе ти пуштат муабет дека си бугараш, па после ќе се чудиш како да се измиеш од таа „стигма“. Ако со спомнувањето на првата македонска химна (забранета во 1948 г) си сакал да ги „фатиш на сентиш“ „бугарашите“ во твојата партија, ОК те разбирам, ама не сум сигурен колку успешно ќе ти помине фората.

Автор: Батко Тане