| |

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: РАЗОЧАРАНА СУМ ОД ОПСТРУКЦИИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО

Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска на прес-конференција во Министерството за финансии изрази разочарување од, како што рече, опструкциите на нејзината работа во Министерството.

Вчера бевме сведоци на еден немил настан каде од Кабинетот на министерката беше испратен допис до сите вработени, во кој се укажува дека на секое мое барање што ќе биде упатено до кој било раководител на сектор или државен советник нема да ми одговараат директно, односно одговорите прво ќе се праќаат до кабинетот на министерката, а подоцна до мене, рече таа.

Како што посочи Димитриеска Кочоска, согласно членот 49 од Законот за влада, јасно е укажано кои се должностите на дополнителниот заменик министер, и оти тој има непречено право да ги гледа документите и извештаите што ги добива и министерката за финансии, и вработените се должни да ги доставуваат документите на барање на дополнителниот заменик министер.

Заменик министерката смета дека веројатно има причина зошто нешто се крие. Ја обвинува власта за нетранспарентност и нереално буџетско планирање, поради што државата е приморана дополнително да се задолжува. Поточно, лани во буцетот биле прибрани за речиси 25% помалку пари од даноци во однос на планираното. Тој податок, според заменик министерката е индикатор дека економијата стагнира а бизнис амбиентот е неповолен. 



Слични Објави