|

ЕКО ГЕРИЛА: ТРПИМЕ ПРИТИСОК ОД ФУНКЦИОНЕРИ НА ДУИ

Граѓанската организација Еко Герила од Тетово, излезе со соопштение во кое инфомаираат дека функционери на ДУИ им вршат притисок.

„Ние сме должни да ве информираме дека се соочуваме со притисок во нашата активност како граѓански сектор од функционери на ДУИ. Кога една партија дејствува против невладините организации, таа извршува еклатантно кршење на демократските вредности. Наместо да рефлектираат и да покажат демократски капацитет пред изборите, функционерите на оваа партија се занимаваат со неоснована стигма на граѓанскиот сектор со методи што не се во согласност со евроатлантските стандарди.

Со такви притисоци тие само не мотивираат да бидеме поактивни и по посветени на нашиот доброволен активизам. Ниту еден политички субјект не треба да стреми да го заташка делувањето на прогресивни движења кои се со само една цел –интерес на граѓаните“, се вели во нивното соопштение.

Еко Герила упати апел политичките субјекти да ги зајакнат демократските капацитети, а тие како здружение се подготвени да помогнат овој поглед.

Реакцијата на Еко Герила доаѓа по коментарот на Валмир Азири, државен секретар во Министерство за култура, инаку од ДУИ.

Тој на видео објавено од Еко Герила, коментира дека тие водат спонзорирана кампања против една партија и тоа во време на изборна кампања.

„Земаме забелешки да знаете, за утре да не кажувате бевме организација која се грижи за екологијата, не вие сте претворени во мегафон на партиичките, толку!“, пишува Азири.



Слични Објави