| |

Планината Сакар во Бугарија- недопрена убавина што станува атрактивна дестинација за еко-туризам

Сакар, една од најзагадочните и најмалку познатите планини во Бугарија, постепено станува нова дестинација за одржлив туризам. Сместен меѓу Источните Родопи и Странджа, овој регион остануваше надвор од туристичките патеки, но токму неговата „недопреност“ станува неговото најголемото богатство, јавува БНР.

Михаела Кирчева, сопственичка на туристичка база кај езерото „Студен кладенец“, вложува огромна енергија во развојот на регионот како дестинација за авантуристички и еко-туризам. Заедно со Бугарското здружение за заштита на птиците и други поддржувачи, таа помогнала во изработка на нова веб-страница – visitsakar.com. Целта на страницата е да ги обедини информациите за маршрути, знаменитости, сместување и локални земјоделски производи од Сакар планина.

Сакар нуди уникатна можност за еко-туризам, вклучувајќи пешачење, возење велосипед, културно-историски тури и гастрономски доживувања базирани на традиционалната кујна. Регионалниот потенцијал го прави атрактивен за индивидуални и организирани туристички посети. Сопственичката нагласува дека недостигот на масовен туризам и големи одморалишта му даваат на регионот посебна вредност – мир, историја и пространост.

Планината е дом на значајни мегалитски споменици, познати како долмени, и царскиот орел – ретка и симболична птица за регионот. Организираните тури нудат можност за набљудување на царскиот орел, а локални фирми обучуваат водичи кои гарантираат дека овие активности не ја вознемируваат фауната.

Според Кирчева, за поединечните туристи веб-страницата visitsakar.com ќе овозможи преземање GPS траси за мобилни уреди, а Историскиот музеј во Тополовград обезбедува помош при организирањето на патеките. Сакара е различна дестинација што ја комбинира природната и културната убавина со авантуристички и еко-туризам, креирајќи незаборавно искуство за посетителите.



Слични Објави