| |

ВО НЕДЕЛА 12 ЈАНУАРИ ВО ЦРКВАТА „СВ ДИМИТРИЈА“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПАНИХИДА ЗА МАРА БУНЕВА

На 12 јануари 2020 година (недела) со почеток од 11 часот во црквата „Свети Димитрија“ во Скопје ќе се одржи панихида во чест на револуционерката на ВМРО, Мара Бунева, која на 13 јануари 1928 г. ја исполнува смртната пресуда на Организацијата против српскиот полициски началник Велимир Прелиќ, одговорен за мачењата на коишто биле подложени членовите на ММТРО обвинети во познатиот Скопски студентски процес од крајот на 1927 г.

Мара Бунева е родена во Тетово, во 1902 г., потекнува од револуционерно семејство. Нејзините браќа Борис и Лазар исто така се припадници на ВМРО. Таа станува дел од Организацијата, по препорака на нејзиниот постар брат Борис.



Слични Објави