|

Заев: Пријателството меѓу Македонија и Грција и моето со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности

Експремиерот Зоран Заев објави заедничка фотографија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој денеска е во приватна посета на Струмица.

„Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета. Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“ напиша Заев.



Слични Објави