Бугарски ученици освоија 6 медали на Балканската олимпијада по математика
Бугарски ученици освоија шест медали на Балканската олимпијада по математика во Босна и Херцеговина, објавија од Здружението на олимписките тимови по природни науки, јавува БНТ.
Од здружението информираа дека на 30 април во Бугарија се вратија едни од најдобрите средношколци по математика, кои освоија шест медали на 42-рата Балканска олимпијада по математика. Во Босна и Херцеговина, бугарските олимпијци ги мереа своите знаења со 143 ученици од 23 земји и освоија еден златен, четири сребрени и еден бронзен медал. Во екипната класификација, Бугарија заврши на третото место на олимпијадата.
Златниот медал го освои Георги Николов, ученик од 11-то одделение во Софиската математичка гимназија.
Сребрените медали ги освоија:
Ангел Христов, ученик од 12-то одделение во Профилираната природно-математичка гимназија,
Андреј Стефанов, ученик од 10-то одделение во Првата приватна математичка гимназија,
Александар Бангачев, ученик од 10-то одделение во Првата приватна математичка гимназија,
Лазар Тодоров, ученик од 12-то одделение во Софиската математичка гимназија.
Бронзениот медал го освои Александар Пендов, ученик од 9-то одделение во Математичката гимназија во Пловдив.
Раководители на бугарскиот тим во Босна и Херцеговина беа проф. Станислав Харизанов (ИИКТ-БАН и ИМИ-БАН) и доц. д-р Данила Черкашин (ИМИ-БАН).

