ONLINE АНКЕТА НА „МАКФАКС“: ГРАЃАНИТЕ САКААТ КАТИЦА ЈАНЕВА ДА БИДЕ УАПСЕНА

Во онлајн анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Дали Катица Јанева треба да продолжи да оди на работа во СЈО“, над половина, односно 75,3% од анкетираните одговориле со „Не, треба да биде уапсена“.

Дел од нив, поточно 13.4% одговориле со „Не, поради морални причини по снимките за ‘Рекет’“.

Вкупно 11.3 проценти од испитаниците сметаат дека шефицата на СЈО, Катица Јанева, треба да продолжи да ја извршува функцијата во СЈО.

Од нив, 3.7% одговориле со „Да, додека не се избере нов обвинител“, а 7.6% со „Да, бидејќи не е осомничена“.

Анкетата беше спроведена на 13 веб-страници, а стартуваше на 13 август и траеше 24 часа.

Извор: Макфакс