СЕМЕЈНА ДРАМА ВО КУМАНОВО – ПИЈАН ПРЕТЕПАЛ ЖЕНА

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.К. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 03.08.2019 година околу 21:00 часот во Куманово на улицата „436“, во куќата на пријавениот, истиот под дејство на алкохол, физички ја нападнал 40-годишната С.М. од село Пчиња, со која живеел во вонбрачна заедница, при што и нанел тешка телесна повреда.