|

Денеска и утре во Брисел, ќе се одржи Фестивал на бугарската книга

Денеска и утре (14-15 јуни) во културниот центар De Markten (Oude Graanmarkt 5, 1000 Brussels), ќе се одржи седмото издание на Фестивалот на бугарската книга во Брисел, Белгија. Настанот е со слободен влез и се организира со поддршка на Извршната агенција за Бугарите во странство, јавува Радио Бугарија.

Оваа година, фестивалот ќе угости реномирани бугарски автори како Викторија Бешлијска, Виолета Радкова, Љубен Дилов – син, Теодора Димова, Димитар Коцев-Шошо, Момчил Миланов и Марија Касимова-Моасе. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат нивните дела и да си купат книги на штандовите на водечки бугарски издавачки куќи.

Во рамките на фестивалот ќе биде организирано и едно посебно културно случување – изложба на уметницата Љуба Халева, која ќе прикаже авторски корици на современи бугарски книги.



Слични Објави