СРБИН СО АВТОМОБИЛОТ ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТОТ КАЈ ВЕЛЕС

/

Вчера на автопатот Скопје-Велес во близина на селото Б.Село-велешко, патничко моторно возило со српски национални ознаки управувано од Н.С.(48) од Р.Србија, излетало од патот.

Како што јави МВР, во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката С.Е.(58) се здобила со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс





Претходна статија

КОНТЕ: ГО ОДБРАВ ИНТЕР ПОРАДИ НЕГОВАТА ИСТОРИЈА!

Следна статија

СЕ ПОЈАВИЈА ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ПРОБАТА НА НЕЈМАР ВО РЕАЛ МАДРИД

Најново од Вести