КОНТЕ: ГО ОДБРАВ ИНТЕР ПОРАДИ НЕГОВАТА ИСТОРИЈА!
Интер денеска и официјално го промовираше Антони Конте за нов тренер и доаѓа на местото на Лучијано Спалети, кој изминатите две сезони го носеше клубот до пласман во Лигата на шампиони, но без посериозен атак на шампионската титула во Серија А.
Конте изминатата сезона одмораше, а претходно доби отказ од Челси по две сезони. Беше селектор на Италија, а претходно со Јувентус ја почна доминацијата на Јувентус во Серија А.
„Во мојот живот започнува ново поглавје и навистина сум возбуден“, изјави Конте. „Преку мојата работа ќе се обидам да им се оддолжам на челниците на клубот кои ме назначија. Го одбрав Интер токму поради тоа за каков клуб се работи, поради проектот и колку е амбициозен. Поради историјата на Интер. Бев воодушевен од транспарентноста и желбата да се врати Интер на старите патеки каде што припаѓа“, изјави новиот тренер на „нераѕурите“.
Извор: Спорт1
