Тагарев: Правото нема да надвладее, ако Русија продолжи да владее и еден квадратен километар од територијата на Украина
Правото нема да надвладее ако Русија остане во владеење на дури еден квадратен километар украинска територија и не сноси одговорност за предизвиканото уништување и извршените воени злосторства. Ова го рече бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев за време на дискусиите за предлогот за гласање недоверба на бугарската влада заради одбранбениот сектор и националната безбедност, јавува БТА.
Тагарев посочи дека помошта за Украина е бугарски стратешки интерес.
„ Бранејќи се себе Украина ја брани Европа од Кремљ. Ако Украина загуби, бидете подготвени барем да ги удвоите ресурсите што Бугарија ги издвојува за одбрана“, рече Тагарев.
„Се смета дека во времето на почетокот на воената агресија, бугарската заедница во Украина броела околу 230 илјади луѓе“, додава Тагарев.
Фото: БГНЕС

