ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да се извини на народот за трошење на нивните пари

/

Пендаровски троши народни пари за себепромоција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија наведуваат дека Стево Пендаровски нарачувал и плаќал со пари на граѓаните, а со вработените од неговиот кабинет се фалел дека бил човек од народот.

Претседателскиот центар за политичка соработка заедно со граѓанско здружение изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе.

Претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи кои ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Од партијата додаваат дека граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а не да ги троши нивните пари на политички маркетинг.

„Очекуваме Пендаровски да се извини на народот за ова трошење на нивните пари за себепромоција”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните кои не примиле ниту една вакцина

Следна статија

17-годишен возач и уште петмина тинејџери повредени во сообраќајка кај Ржаничино

Најново од Вести