„Еколог“ донираше 10 амбулантни возила – за Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Битола, Велес

/

Десет амбулантни возила целосно опремени со медицинска опрема и апаратура ќе добијат здравствените домови во земјава. Целта на донацијата е снабдување на болничките капацитети и подобрување на квалитетот на услугите, особено сега за време на пандемијата кога потребите на населението за итна медицинска помош се значително поголеми. Претставникот на компанијата „Еколог“, Сеид Јусуфи, вели дека иницијативата е идеја на Љазим Дестани.

„Во овој двогодишен период, најголемото внимание е насочено кон здравството. Затоа, од претседателот на Советодавниот одбор, г.Љазим Дестани дојде иницијатива за донирање на овие 10 амбулантни возила. Веруваме дека оваа донација ќе биде придонес за зајакнување на болничките капацитети, но и помош за здравствените работници во нивната борба против Ковид-19“, истакна Сеид Јусуфи.

Државната секретарка во Министерството за здравство, Иванка Стојаноски, рече дека оваа донација ќе им биде од голема корист на болниците, особено сега за време на пандемијата.



Амбулантните возила се целосно опремени со кислородни апарати, мобилни дефибрилатори, како и друга медицинска опрема потребна за укажување прва помош.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Заев: Шаховската федерација на Северна Македонија ја има поддршката од Владата за организација на идните меѓународни шаховски првенства

Следна статија

ДИК: Во избирачкиот список има 1.824.864 гласачи

Најново од Вести