ВМРО ДПМНЕ ДЕНЕС ЌЕ ЈА СООПШТИ ОДЛУКАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ
Денес партиското раководство на најголемата опозициска политичка партија во Македонија, ВМРО ДПМНЕ оддржува партиска седница по која ќе излезат со свој став по повод референдумот кој ќе се оддржи на 30ти Септември за Преспанскиот договор. Според дел од партиските структури не се размислува за бојкот, но официалниот став ќе биде соопштен вечерва по состанокот.

