| |

БУЧКОВСКИ: НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА СМЕНИМЕ ИСТОРИЈАТА, ИМАМЕ МНОГУ ЗАЕДНИЧКИ ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ СО БУГАРИТЕ

„Ние немаме поголем пријател од Бугарија, но треба да се чуваме од оние кои се исплашија од нашиот заеднички сојуз. Три години веќе меѓу нашите држави има зближување“, изјави поранешниот премиер Владо Бучковски, во емисијата „Слободна зона“ со Ѓорѓи Коритаров на ТВ Европа. Ние, историчарите и интелектуалците, не треба да негираме дека со Бугарија сме имале заедничка историја.
„Бугарската нација е создадена пред македонската по потпишувањето на Сан-стефанскиот мировен договор, со Берлинскиот мировен договор и изгласувањето на Трновскиот Устав. Ние не можеме да ја смениме историјата. Имаме многу историски ликови што докажуваат дека сме многу блиски. Македонското и бугарското општество треба да одлучи по која линија ќе треба да работи комисијата. Борисов и Заев направија многу за нашите држави“, коментира Бучковски.

Слични Објави