Трамп: На Украина не и треба помош, конфликтот треба да се реши веднаш
Поранешниот претседател на Америка, Доналд Трамп изјави дека на Украина не и треба помош, туку решение на конфликтот.
Според написите во медиумите Соединетите Американски Држави треба да престанат да трошат милијарди долари за поддршка на властите во Киев, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митингот на неговите приврзаници на Флорида.
„Не треба да се прелеваат милијарди, стотици милијарди долари во Украина. Конфликтот треба веднаш да се реши“, рече Трамп.
Тој исто така повтори дека ќе може да го реши конфликтот во Украина за 24 часа.
Тврди дека Русија никогаш не би започнала специјална операција во Украина доколку неговата администрација беше на чело на САД. Трамп вети дека, доколку биде реизбран за претседател, „иста вечер“ ќе ги повика рускиот лидер Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретнат и да го решат конфликтот во Украина.

