ПОЧЕТОК НА KАРНЕВАЛОТ ВО ВЕНЕЦИЈА

//

Прочуениот Карневал во Венеција, денеска е отворен со темата „игра, љубов и лудории”, само неколку месеци по катастрофалните поплави што го погодија овој италијански град.

Годинашниот фестивал беше отворен и почна со парада на чамци по надалеку познатите канали. Повеќето учесници се одлучија за традиционалните маски, но некои носеа и посовремени костими, како оние за познатите научнофантастични филмови.

Фестивалот ќе трае до 25 февруари.



На настанот годинава првпат ќе се користи високотехнолошки систем што ќе брои колку туристи во определено време се наоѓаат во одреден дел од градот. Властите во Венеција објаснуваат дека тоа ќе им помогне да знаат како туристите се движат и како го користат просторот.

Претходна статија

ТЕПАЧКА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО С.ВОЛКОВО

Следна статија

СОМНИТЕЛЕН ЗА КОРОНАВИРУС ПРИМЕН ВО БОЛНИЦАТА АХЕПА ВО СОЛУН

Најново од Вести