РЕГИСТРИРАНИ 105 НОВИ СЛУЧАИ СО МОРБИЛИ

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство, денеска информираше за актуелната состојба со морбили во државата.

– Заклучно со денешниот ден се регистрирани вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти. Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години, посочи д-р Караџовски. (Повеќе)