ГДУ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ 30-ТА ЧЛЕНКА НА АЛИЈАНСАТА И ДА И БИДЕ ДЕЛ ОД СЕМЕЈСТВОТО НА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА
Претседателот на Граѓанско демократската унија(ГДУ), Петар Колев и генералниот секретар на партијата, Димо Петкоски денеска во Клубот на пратеници присуствуваа на средбата на партиите кои ја поддржуваат кампањата за референдумот „Излези за европска Македонија“.
ГДУ не е дел од владејачката коалиција, но даваме поддршка за информативна кампања со цел граѓаните да се запознаат што подобро со придобивките кои земјата би ги имала како дел од ЕУ и НАТО. Граѓаните мора да имаат целосна слика пред реферндумот.
ГДУ како конзервативна опозициска партија делува самостојно, надвор од двата табори и нашиот став во однос на референдумот е јасен, дека тоа е најдемократски начин за третирање на проблемите и интересите на граѓаните.
Република Македонија заслужува подобра иднина. Граѓаните очекуваат реални промени и вистински реформи во општеството. Ние како партија се залагаме за напредна безбедна и европска Македонија.
Уште еднаш ја испраќаме и нашата порака до граѓаните дека референдумот и визијата за иднината на земјата не треба да се врзува со поддршка за една или за другата партија. Неизјаснувањето на референдум е легитимно и демократско право, исто како и директното изјаснување, со гласање „за“ и „против“. Ова е можност за надпартиска одлука.
Македонија заслужува да биде 30-та членка на Алијансата и да и биде дел од семеjството на обединета Европа, се вели во соопштението на Граѓанско демократската унија (ГДУ).

