ПЕНДАРОВСКИ: БРАВО ЗА НАШИТЕ КУЛТУРНИ АМБАСАДОРИ АТИЏЕ, ТАМАРА, ЉУБО, АТАНАС, САМИР, ФЕЈМИ

//

Очекувавме и се надевавме на оскар, тимот на Медена Земја ги заслужи нашите честитки!, напиша претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил.

„Двете номинации за Оскари2020 е успех кој еден македонски филм го постигна за првпат. „Медена земја“, оценета како врвно кинематографско остварување е културен производ со висока општествена вредност што испрати освестувачки пораки за заштитата на животната средина и овозможи промоција на земјава низ целиот свет. Браво за нашите културни амбасадори Атиџе, Тамара, Љубо, Атанас, Самир, Фејми и целата екипа која неуморно работеше на филмот од неговото создавање, се до неговата промоција и глобално претставување“, напиша Пендаровски.



Претходна статија

(ВИДЕО) БРЕД ПИТ ОСКАРОТ ИМ ГО ПОСВЕТИ НА СВОИТЕ ДЕЦА

Следна статија

ПАЛМЕР ВО СОФИЈА-ГЛАВНА ТЕМА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Најново од Вести