(ВИДЕО) БРЕД ПИТ ОСКАРОТ ИМ ГО ПОСВЕТИ НА СВОИТЕ ДЕЦА

За улогата во филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ 56-годишниот Бред Пит доби златна статуетка во категоријата најдобра машка споредна улога. Ова е голем успех за него, бидејќи и покрај тоа што неговата кариера траеше со децении, ова е негов прв „Оскар“.

Бред Пит во својот емотивен говор откри на кого му ја посветува најважната награда во неговиот живот.

„Ова е за моите деца кои го обоија мојот живот … Ве обожавам!“, кажувајќи ги тие зборови, Бред Пит испратил виртуелен бакнеж до Медокс (18), Пакс (16), Захари (15), Шило (13) и Нокс и Вивиен (11), кои ги доби во брак со Анџелина Џоли.

Пит во говорот се заблагодари на режисерот Квентин Тарантино, како и на Леонардо ди Каприо, кому „Оскарот“ за главна машка улога му се измолкна од рака.

Извор: Макфакс