СЕ ОТВОРААТ АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД

Од утре ќе бидат отворени двата аеродроми во Скопје и Охрид. Заштитните маски и дезинфекција на рацете ќе бидат задолжителни, а термалните камери ќе ја проверуваат телесната температура. Сомнителните ќе бидат спроведени во просторија за изолација.

Патниците се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, а ограничено ќе биде и користењето на чекалницните.

Првиот авион на „Визер“ ќе полета во 6 часот наутро од Скопје за Бремен, а три часа подоцна ќе слета авион на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул.

Првите летови од Охридскиот аеродром ќе бидат за и од Цирих и Милано.