|

Канцеларијата на Нетанјаху: Семејствата на заложниците кои ги ослободи Хамас се известени

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека се известени семејствата на заложниците кои денеска ги ослободи Хамас.

Ова уследи по извештаите дека Израел не е задоволен од списокот со имиња на заложници што го даде Хамас.

Медиумите јавуваат дека 11 израелски заложници ќе бидат ослободени наскоро – девет деца и две жени, кои се мајки на некои од децата.

Се додава дека заложниците што се ослободуваат се од кибуц Нир Оз, заедницата која беше најтешко погодена за време на масакрот на 7 октомври.

Слични Објави